Гент-Вевелгем 2022 — 84. издание на велосипедската еднодневна трка Гент-Вевелгем, која се одржала на 27 март како десетти настан во сезоната на Светската турнеја.

Трката била долга 248,9 километри, која и покрај името на трката, започнала од градот Ипр трета година по ред. На почетокот, патеката на трката се движела кон Кортрајк на исток пред да се враќа назад кон Ипр, за да потоа сврти кон Верн на север. На првите 150 километри немало искачувања, но од Верн патеката на трката свртела кон југ и скоро да ја следела белгиско-француската граница додека не започнале седумте сектори со калдрма и деветте кратки брда на југ од Ипр. По првата калдрмисана секција следеле четири брда по што следеле неколку други секции со калдрма, а подоцна останатите пет брда. Последниот рид и третото качување на Кемелберг означувале дека до крајот има уште 34,4 километри. Откако повторно ќе се помине Ипр на 22,4 километри до крајот, завршницата до Вевелгем е прилично рамна.

По многу напади на деловите на трката со калдрма и кратките искачувања, две групи се споиле создавајќи намалена главна група на околу 25 километри до целта. Кратко потоа, четворица возачи нападнале од намалената група за да го создадат победничкото бегство: Бинијам Хирмај (), Кристоф Лапорт (), Јаспер Стејвен () и Дрис Ван Гестел (). Како четворицата влегле на завршницата во челен ветер, Хирмај бил првиот кој започнал да спринта, доаѓајќи од позадина на групата и се одржал пред другите за победа. Со тоа, тој станал прв африкански победник на некоја класична велосипедска трка. Серен Краг Андерсен (), кој нападнал од главната група во последните два километри во обид да ја премости разликата до водечката група, останал пред главната група завршувајќи на петтото место, додека Тим Мерлиер () го освоил спринтот во групата за шесто место.

Екипи

Бидејќи Гент-Вевелгем е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, заокружувајќи ја главната група од 25 екипи. Од поканетите екипи, , со шест возачи, била единствената која не настапила со целосен состав од седум возачи. Подоцна, поради еден возач кој не ја започнал трката настапиле само со пет возачи; исто така имале возач кој не ја започнал трката и настапиле со шест возачи. Вкупно, 172 возачи ја започнале трката, од кои 106 ја завршиле.

Поредок Завршен пласман

Список на учесници

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Гент-Вевелгем Категорија:Светска турнеја на UCI 2022 Категорија:Белгија во 2022 година