мини|Николас Рејес, 2012 година Николас Рејес (роден 22 ноември 1958 година) е водечки пејач на музичката група Џипси Кингс. Тој пее главно во стилот на традиционално и популарно фламенко и латиноамериканска румба. Неговиот бурен глас и емотивниот начин на изведба им даваат посебен шмек на неговите песни и го прават еден од најистакнатите фламенко изведувачи. Тој ги извел песните на Gipsy Kings како Bamboleo, Volare и многу други, кои заземаа водечки места на топ листите. Николас Рејес свири на гитара со лева рака. Етничка припадност му е циганско Кале.

Николас Рејес е третиот од 5-те браќа во семејството на пејачот Хосе Рејес; неговите постари браќа, Пабло и Канут, и помладите, Пачаи и АндреGIPSY KINGS — the long-awaited, all-inclusive, ultimate FAQ се исто така активни членови на групата; Како солисти настапуваат и Канут и Патчаи. Синот Николас Жорж (Џорџ; роден 1975) е исто така член на групата. Николас, како и остатокот од бендот, зборува шпански и француски и пее на шпански и ромски шпански. Тој живее на југот на Франција, каде што живеат остатокот од бендот и нивните семејства.

Наводи

Надворешни врски

Интервју со Николас Рејес Интервју со Николас Рејес на ТВ 5-Дел 1 (на француски) Интервју со Николас Рејес на ТВ 5-Дел 2 Говорот на Николас Рејес (француски) за време на инаугурацијата на плоштадот што го носи името на неговиот татко Хосе Рејес (почнува во 5:40 часот) Текст од песна

Категорија:Француски пејачи Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1958 година Категорија:Родени на 22 ноември Категорија:Category:Ромски музичари