thumb|right|250px|Црквата Св. Симон и Ана (1734) Михаил Григорјевич Земцов (рус. Михаил Григорьевич Земцов) (1688 – 1743) бил руски архитект кој работел во воздржаниот петробарокен стил, кој го научил од неговиот швајцарски соработник Доменико Трецини.

Во раниот период од кариерата, Земцов учествувал во проектирањето на Летниот дворец во Санкт Петербург и паркот во Петерхоф. Работел и на проектирањето на Кадрирошкиот дворец и парк во Талин (1718-25), сега церемонијална резиденција на претседателот на Естонија. Неговиот италијански дворец на Фонтанка (1726-28) бил срушен, а потоа преизграден неговиот Аничков дворец (1741-50).

Земцов бил назначен за еден од главните архитекти во руската престолнина во 1737. Завршил со работата на Рускиот правилник за изградба две години пред неговата смрт.

Земцов, Михаил Земцов, Михаил Категорија:Родени во 1688 година Категорија:Починати во 1743 година Категорија:Починати во Санкт Петербург