Панега (Просеченска Река, Лиса Чај или Севендрија Чај; , Ангитис) — река во Драмско и Зихненско, Егејска Македонија. Претставува притока на Драматица, иако грчките географи ги сметаат обратно.

Течение Реката извира од пештерата Маара кај селото Нов Калапот (поточно поранешното село Буџак) и влева во Драматица кај Баница.

Потекло на името Името се среќава кај византиските автори како Панака (Πάνακα), акузтив на Панакс (Πάναξ). Ова не е грчко име, туку изведено од старото *Панек, *Паник, кое пак доаѓа од тракиското *panik(a), „река“. Името е од индоевропскиот корен *pan - „блато“, „тиња“.

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Драма (општина) Категорија:Просечен Категорија:Зелјахово Категорија:Струмски слив