Библиотеката „Трифун Димиќ“ ― огранок на Градската библиотека во Нови Сад. Била основана во мај 2010 година како „прва ромска библиотека на Балканот“. Се наоѓа во новосадската населба Шангај на Првата улица бр. 15. Името го носи по големиот ромолог, преведувач и писател Трифун Димиќ.
За библиотеката Библиотеката се простира на 150 м2. Има две простории: библиотека и читална со седум маси и 40 столчиња. Во библиотечниот фонд има 6.550 публикации. Меѓу книгите на српски јазик, има мал број публикации на унгарски и англиски јазик. Книгата објавена на ромски јазик е во 349 примероци. Подружницата на библиотеката „Трифун Димиќ“ има сметач и интернет.
Бројот на корисници кои се запишани во библиотеката е околу 400, меѓу кои пред се има основци, но и ученици Роми кои го користат книжниот фонд на ромски јазик, потоа претставници од невладиниот сектор, како и полнолетни граѓани.
Библиотечни активности и проекти Покрај својата основна дејност, оваа библиотека организирала и бесплатна работилница „Вклучи сметач и научи“, како и бесплатен курс по англиски јазик.
Огранокот е многу специфичен, бидејќи се занимава со инклузивна работа. Нагласокот е ставен на активностите и проектите:
функционална писменост на деца и возрасни; помош во процесот на усвојување хигиенски навики; домашна работа; помош во учењето на обука за работа на возрасни (проектот Преплетувања им овозможил на Ромките да направат чекор поблиску до независноста и самовработувањето со совладување на вештината на ткаење).
Во соработка со наставниот кадар на основното училиште во населбата Шангај, организирани биле различни активности во насока на образование на децата, како што се претставување на ромските автори, и доближување на ромската книжевност до децата.
Децата учествуваат на работилници на теми: книжевност, улогата на формалното и неформалното образование, добро однесување, насилство во училиште и семејство, професионална ориентација, хигиена на телото и просторот за живеење, заштита на животната средина, однесувањето на децата во сообраќајот, односот на децата кон возрасните, правилна исхрана и друго. Посебно внимание се посветува на борбата против дискриминацијата и насилството врз жените и во семејството.
Благодарение на дарувањата, библиотеката на децата им дели по 25 оброци секој ден. За некои од децата тоа е единствениот зготвен оброк во текот на денот.
Наводи
Надворешни врски
http://www.novisad.rs/otvorena-prva-romska-biblioteka-u-srbi-i https://www.planplus.rs/biblioteka-trifun-dimic/70534 http://lsvns.rs/jovanovic-posetio-biblioteku-trifun-dimic-u-sangaju/ Категорија:Згради и градби во Нови Сад Категорија:Библиотеки во Србија Категорија:Ромска култура Категорија:Ромите во Ср Категорија:Културата во Нови Сад