Дервен — археолошко наоѓалиште во кумановското село Доброшане.

Претставува населба од римско време.

Се наоѓа на 500 м северозападно од селото, лево од патот за Биљановце. Во нивата на Б. Додевски, како и во соседните ниви се констатирани темели од објекти и фрагментиран керамички материјал.

Поврзано Аниште — населба (викус) од доцноантичкото време; Дервен — населба од римското време; Момина Бавча — утврдена населба и некропола од доцноантичкото време; Орловац — утврдување од доцноантичкото време; Горно Коњаре; Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско.

Наводи