Бешичка Планина (, Όρη Βόλβης, Όρη Μπεσικίων; , Бешикдаг) — ниска планина во Лагадинско, Егејска Македонија. Сместена е северно од Бешичкото Езеро. мини|десно|250п|Мал Бешик, Бешичкото Езеро и Бешичка Планина (десно) на гравура од 1813 г. Планината е наречена по селата Голем Бешик и Мал Бешик, по кои а наречено и езерото. На север одвоена е од Богданска Планина и Орсова Планина со долината на пресушените Мавровско и Ланџанско Езеро. Понекогаш оваа планина се смета за дел од Богданска Планина (Бешикдаг)
Езерата на јужната граница (Бешичкото и Лагадинското) се заведени во Рамсарската конвенција во 1974 г. и членки на мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1220001 и 1220009), како и прогласени за места од орнитолошка важност (032). Поширокото подрачје е национален парк под името „Лагадинско Езеро - Бешичко Езеро и Македонски Темпи“ во 2003 г. Три повеќевековни чинари во околината на селата Сарај и Пазаруда, во кои се гнездат чапји и бели штркови, се прогласени за заштитени споменици на природата.
Карпите на планината се гнајсови, а има и малку амфиболити.
До врвот се стасува преку селото Ѓувелци (420 м) за околу час и половина.
+ Врвови Име Грчки Висина (м) Местоположба Πετρωτό 668 Ј од Ѓувелци Αγριόβικος 625 СЗ од Мал Бешик, Ј од Кавак Картал Αετορράχη, Καρτάλ Λόφος 661 ЈЗ од Ѓувелци, Ј од Канџа Кури Хоџа Κορυφή Αβραάμ, Κουρή Χότζα 5573 ЈИ од Јакина, СИ од Ваисли Бешик Κούνια, Μπεσίκια 660 ЈЗ од Ѓувелци, Ј од Канџа и ЈИ од Јакина Κριτσελή 606 СЗ од Мал Бешик, Ј од Кавак Карабунар Μαυροπούρναρο, Καρά Μπουνάρ 560 СИ од Голем Бешик Сиври Σημάδι, Σιβρή 627 СИ од Голем Бешик и СЗ од Мал Бешик Στανότοπος, Σπανότοπος 652 Ј од Ѓувелци Чобан Цопани 473 ЈИ од Кавак
Поврзано Бешичко Езеро Богданска Планина
Наводи
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Лагадина Категорија:Бешик