мини|десно|300п|првиот лет 1903 година

Авион — летечка направа со крила и мотор. Првиот авион, наречен „Флаер“, е измислен во САД од страна на браќата Орвил и Вилберт Рајт. Првиот документиран полет е направен на 17 декември 1903 година и траел 12 секунди. Тој ден се напревени вкупно четири летови од кои најдолгиот треал 59 секунди и биле прелетани 279 метри. Веќе во 1905 година е изведен првиот контролиран лет од страна на „Флеар 3“.

Во Првата светска војна, авионите почнале да се користат како оружје. Најпознат пилот, со најмногу победи, од тоа е време е германецот Манфред Вон Рихтофен, попознат како „Црвениот Барон“. Помеѓу двете светски војни дошло до забрзан развој на авионите. Во 1919 година, Алкок и Браун го прелетале Атлантскиот Океан, а во 1927 година Чарлс Линдберг сам го прелетал истото растојание. Истата година биле воведени редовни летови помеѓу САД и Канада, а во 1930 година почнал и развојот на млазниот мотор, кој започнува сериски да се вградува во авионите на почетокот на Втората светска војна. Авионите се користат и за комерцијални цели, како за превоз на патници така и за превоз на товар.

Типови авиони Модерните авиони денес можат да летат со брзина од над 800 км/ч, а во зависност од типот, полетуваат со брзина од 130 до 290 км/ч.

Постојат неколку типови авиони: мали авиони за тренинг и рекреација сè до големи патнички; транспортни цивилни и воени авиони; авиони чиј крила се собираат кога се на земја (фиксни неподвижни во лет) поради полесен транспорт или сместување на поголем број авиони на носачите на авиони; авиони со променлива геометрија на крила. Овие авиони кога ќе ја постигнат оптималната брзина и висина при летање ги „повлекуват“ крилата кон трупот, со тоа се намалува нивниот распон.

Едни од најпознатите авиони во светот се : Боинг 727, Боинг 737, Боинг 747, Боинг 777, Ербас А320, Ербас А330, Ербас А340, Локид Л1011 ,МекДонел Даглас МД82, АТР72, Цесна 172 и др.

Фабрики за авиони

Најголеми и најпознати фабрики за изработка на авиони се „Боинг“ (Boeing) и „Ербас“ (Airbus). Постојат и други фабрики, како „Фокер“, „Даглас“, „АТР“, „Сааб“ итн., но првите две се со најголем број на продадени авиони. „Боинг“ е првиот произведувач на авиони, а седиштето му е во САД. Во минатото, „Боинг“ бил производител на најголемиот патнички авион во светот „Боинг 747“, познат како „Џамбо Џет“. „Боинг“ е водечки производител според бројот на продадени авиони, а нивниот најпопуларен авион „Боинг 737“ е продаден во повеќе примероци отколку сите продадени авиони од компанијата „Ербас“.

„Ербас“ е произведувач на авиони од Европската унија, а акциите на компанијата се сопственост на повеќе фирми од ЕУ. „Ербас“ е компанија која го изработила најголемиот патнички авион во светот - „Airbus А380 Super Jumbo“. Станува збор за авион кој има две „палуби“ по целата должина на трупот и е во состојба да прими преку 550 патници.

Авионот како тема во уметноста и во популарната култура Авионот како тема во книжевноста „Ирски воздухопловец ја предвидува својата смрт“ (An Irish Airman Foresees his Death) — песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 97. „Хартиено авионче“ — кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013. „Авионот на заспаната убавица“ — расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес Габриел Гарсија Маркес, Дванаесет искушенија. Скопје: Три, 2008. „Авион“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 26. „Дочекот на млазниот авион“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 14.

Авионот како тема во музиката Б-52-ки (англиски: The B-52's) — американска рок-група, основана во 1976 година.Discogs, The B-52's (пристапено на 8.2.2021) Авионот на Џеферсон (англиски: Jefferson Airplane) — американска рок-група, основана во 1965 година.Jefferson Airplane (пристапено на 29.12.2022) „Авионите пеат“ (српски: Avioni pevaju) — песна на српската рок-група Бјесови од 1994 година.Discogs, Bjesovi – Bjesovi (пристапено на 24.7.2021) „Авион“ (англиски: Aeroplane) — песна на исландската поп-музичарка Бјорк (Björk) од 1993 година.Discogs, Björk ‎– Debut (пристапено на 10.8.2020) „Авионот на Џонсонови“ (англиски: Johnson's Aeroplane) — песна на австралиската поп-рок група Инексес (INXS) од 1984 година.YouTube, The Swing - 06 - Johnson's Aeroplane (пристапено на 6.7.2017) „ДЦ-10“ (англиски: DC-10) — песна на швајцарската панк-рок група Клинекс/ЛиЛиПУТ (Kleenex/LiLiPUT).YouTube, Kleenex/LiLiPUT - DC-10 (from Kleenex/LiLiPUT) (пристапено на 1.7.2017) „Во авионот над морето“ (англиски: In The Aeroplane Over The Sea) — музички албум на американска рок-група Њутрал милк хотел (Neutral Milk Hotel) од 1998 година.Neutral Milk Hotel - In The Aeroplane Over The Sea (пристапено на 3.5.2017) „Собори го авионот“ (англиски: Hit the plane down) — музички албум на американската рок-група Пејвмент (Pavement) од 1994 година.Pavement - Hit The Plane Down (пристапено на 29.11.2016) „Авиону ќе ти ги скршам крилата“ (српски: Avionu slomiću ti krila) — песна на српската рок-група Рибља чорба (Riblja Čorba).YouTube, Riblja Corba Avionu slomicu ti krila (посетена на 19.4.2017) „Времето лета... но, авиониет се судираат“ (англиски: Time Flies......But Aeroplanes Crash) — музички албум на британската панк-рок група Сабхјуманс (Subhumans).Subhumans – Time Flies + Rats (пристапено на 12.11.2024) „Бев пилот-камиказа“ (англиски: I Was a Kamikaze Pilot) — песна на австралиската рок-група Худу Гурус (Hoodoo Gurus) од 1984 година.YouTube, Hoodoo Gurus (1984) Stoneage Romeos (пристапено на 15.12.2017) „Приватен авион“ (англиски: Private Plane) — песна на американската рок-група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1985 година.Discogs, Hüsker Dü ‎– Flip Your Wig (пристапено на 1.7.2020)

Наводи

Категорија:Воздухопловство Категорија:Воздухоплови * Категорија:Американски пронајдоци