Бад Бентхајм (до 1979 г. само Бентхајм; ; ) — град во округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Градот се наоѓа на границата со покраината Северна Рајна-Вестфалија и со Холандија. Тој е исто така признаена покраинска бања, па оттаму доаѓа и ознаката „Бад“. Во него се наоѓа замокот Бентхајм, што е симбол на градот.

Географија Раширување на градот

Границата на градот е долга 49 километри, при што растојанието север-југ е 14 километри, додека растојанието запад-исток е 12 километри. Градското подрачје има површина од 100,16 км².Zahlen Daten Fakten 2018/2019 , Zahlenspiegel des Landkreises Grafschaft Bentheim, abgerufen am 17. September 2018.

Соседни општини

Градот се граничи на север со окружниот град Нордхорн, на североисток со општината Истерберг, на исток со Квендорф и Шитторф (сите во округот Грофовија Бентхајм), на југ со Охтруп (округ Штајнфурт) и Гронау (округ Боркен), а на запад со Лосер (Холандија, покраина Оверајсел).

Блиски поголеми градови се Минстер и Оснабрик во Германија и Енсхеде во Холандија.

Градски единици

Градот е составен од градското јадро на Бад Бентхајм и местата Ахтерберг, Бардел, Гилдехаус, Хагелсхек, Холт и Хар, Зирингхек, Валдзајте и Вестенберг.

Историја

Првото документирано споменување на Бад Бентхајм е околу 1050 година како Бинитхем (Binithem). Постојат повеќе етимолошки објаснувања за самото име. Така, името може да се однесува на ситник (Binsen на германски), растение кое растело на мочурливата област порано. Исто така се претпоставува дека името, како и холандската област Твенте, доаѓа од времето на Тубантите.

Бад Бентхајм, поранешна грофовска резиденција, поседува богата историја. Со векови, градот бил средиште на истоимената грофовија. Под пруска власт, Бентхајм станал амт, а од 1857 до 1973 година бил седиште на основен суд.Grafschafter Nachrichten vom 16. Juli 2009: Scherben auf der Mauer sollten das Gefängnis sichern – Das alte Amtsgericht in Bad Bentheim war früher das neue – Zwei Wachtmeister für bis zu 30 Gefangene. Во 1945 година, британската окупациска влада на Бентхајм му го укинала статусот на окружен град и го преместила окружното седиште во Нордхорн, кој бил географски средишно поставен во округот.

Знаменитост на градот е моќниот замок на грофовите од Бентхајм, кој бил првпат споменат во документ од 1116 година. Околу 1711 година биле откриени лековити сулфурни извори, од кои подоцна се развиле термални бањи и клиника. Од 1865 година, Бентхајм поседува градски права.

По Втората светска војна постоеле планови, големи делови од Северозападна Германија да бидат припоени кон Холандија, како и Бентхајм. Овие планови на крајот не се оствариле.

Од 6 јуни 1979 година, градот го носи името Бад Бентхајм. Местото Гилдехаус од 1982 година е признато одморалиште.

Како бентхајмско злато се означувал бентхајмскиот песочен камен, кој бил копан во самиот град и во Гилдехаус. Трговијата (- век) се раширила надвор од границите на Грофовијата Бентхајм, во областите Минстерланд, Источна Фризија, во Холандија, како и до Белгија и Данска. Позначајни градби градени со бентхајмскиот песочен камен се Кралската палата во Амстердам, театарот и главната катедрала во Антверпен, католичката црква во Орхус, кулата на црквата „Св. Мартин“ во Гронинген, како и Градското собрание во Минстер. Наводно, постаментот на Статуата на Слободата во Њујорк е исто така изградена од бентхајмскиот песочен камен.

Припојувања

На 1 април 1929 година биле припоени општината Бентхајм-Бауершафт и Гутсбецирк Бентхајм. Во рамки на долносаксонската општинска реформа, на 1 март 1974 година кон градот била припоена општинската заедница Гилдехаус (составена од Гилдехаус, Ахтерберг, Хагелсхек, Холт и Хар, Валдзајте и Вестенберг, како и општините Бардел и Зирингхек.

Политика Градски совет

мини|300п|десно|Градското собрание мини|300п|десно|Старото Градското собрание

Градскиот совет се состои од 30 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 12.001 и 15.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 28. Dezember 2016. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:Ergebnis der Kommunalwahl 2021 auf votemanager.kdo.de; abgerufen am 19. September 2021.

Партии и листи Удел Места CDU Демохристијански сојуз на Германија 39,26% 12 SPD Социјалдемократска партија на Германија 36,35% 11 Grüne Сојуз 90/Зелени 11,50% 3 FDP Слободна демократска партија (Германија) 10,82 % 3 Linke Левица (Германија) 2,06 % 1Вкупно100%30Излезност53,28%

Градоначалник

Градоначалник на градот Бад Бентхајм е Фолкер Панен (SPD).

Список на претходни градоначалници Градоначалник Период Јохан Крабе 1899–1930 Кристијан Микелсен 1930–1937 Карл Рапиц 1938–1944 Карл Брозе (NSDAP) 1944–1945 (9 месеци) Херман Ламерс 1945 Јохан Шите 1946–1949 Август Липолд 1949–1956 Герхард Крабе (CDU) 1956–1964 Дитрих Зомберг (CDU) 1964–1991 Хорст Винклер (SPD) 1991–1996 Гинтер Алсмајер (CDU) 1996–2006 Фолкер Панен (SPD) од 2006

Збратимени градови

Бад Бентхајм е збратимен со следниве градови:

Асен, Холандија (1959-2009)Obwohl die Partnerschaft 2009 aufgehoben wurde ems-vechte-surfer.de, abgerufen am 7. Januar 2021 Волкенштајн, Германија (од 1991 г.)

Познати луѓе

Јохан Пикарт (1600-1670) — германско-холандски колонист, протестант, доктор и писател Вилхелм Хајнрих фон Бентхајм-Штајнфурт (1584-1632) — гроф Хана Крабе (р. 1945) — членка на Фракција на црвената армија Фридерике Крабе (р. 1950) — членка на Фракција на црвената армија Габи Багински (р. 1954) — пејачка Франц Витенбринк (р. 1948) — аранжер, композитор, диригент, режисер и пијанист Маргита Гумел (р. 1941) — спортист и олимписки медалист Рене Ланге (р. 1988) — фудбалер Хајо Фирк (1939-1989) — археолог Нилс Резелер (р. 1992) — фудбалер

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Грофовија Бентхајм (округ) Категорија:Бањски градови во Германија