Света Гора или Атон (, Атос; Άγιο Όρος) — планина на полуостровот Халкидик, Егејска Македонија.

Опис Планината е сместена на истоимениот полуостров Света Гора, на кој се наоѓа православната монашка република со своите 20 манастири и мноштво скитови, создадена во X век.

Древното име Атон се споменува од разни антички автори — Аристотел, Херодот, Страбон и други. Според Есхил на Атон е запалена една од осумте клади кои го означиле крајот на Тројанската војна. На неа имало важно светилиште уште во претхристијанско време. Карпите се гнајсови, гранити и амфиболити.

Обрасната е со дабови, костени, јавори и други видови дрвја. Дел е од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1270003) и прогласена за орнитолошки важно место (037). Вклучена е во списокот на светско наследство на УНЕСКО (природно и културно) во 1988 г. (454).

До врвот се стасува по два пата. Едниот е манастирот Велика Лавра (160 м) - Керасија (600 м) - пештерна црква „Пресв. Богородица“ (1.540 м) - врвот (каде стои параклисот „Св. Преображение“) за околу 6 часа. Другиот пат оди манастирот „Св. Павле“ (130 м) - скит „Св. Ана“ (300 м) - пештерна црква „Пресв. Богородица“ (1.540 м) - врвот за 8 часа.

+ Врвови Име Грчки Висина (м) Местоположба Света Гора, Атон Άθως 2.030 во Ј дел на планината Андитонас, Андитос Αντίθωνας, Αντίθως 1.042 во централниот дел, СИ над Дионисијат Ставрос Σταυρός 1.001 во Ј дел, С од главниот врв Циакмаки Τσιακμάκι 1.540 во Ј дел, И од главниот врв Гаванудес Γκαβανούδες 820 во централниот дел, И над Симонопетра Кацанара Κατσανάρα 608 Кацарис Κάτσαρης 703 Кедра Κέδρα 801 во централниот дел, СИ над Симонопетра Криовуно Κρυόβουνο 599 Мармарас Μαρμαράς 629 Палиопиргос Παλιόπυργος 820 во Ј дел, Ј од главниот врв Паривуни Παριβούνι 700 Профитис Илијас Προφήτης Ηλίας 895 Трија Синора Τρία Σύνορα 758 Цамандара Τσαμαντάρα 883 во централниот дел, СИ над Симонопетра Чука Τσούκα 738 Цукниди Τσουκνίδι 648

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Света Гора Категорија:Халкидик