Драгоманска Клисура () — впечатлива клисура во Воденско, Егејска Македонија.
Клисурата е сместена на реката Строница (Умин Дол), десна притока на Мегленица. Ја двои планината Ниџе на запад од Пајак на исток, а со тоа и излезот на Мегленската Котлина. Наречена е по селото Драгоманци, кое се наоѓа на нејзиниот северен крај, иако најблиското село е Врбени на северозапад.
Подрачјето на Драгоманската Клисура и долината на Мегленица се дел од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1240005).
Наводи
Категорија:Клисури во Егејска Македонија Категорија:Воден Категорија:Меглен Категорија:Пајак (планина) Категорија:Ниџе