Свети Христофор (, Агиос Христофорос) — планина во Кожанско, Егејска Македонија. Претставува дел од планината Камбуница.

Опис Ова е долгнавеста планина сместена во јужниот дел на Кожанско, меѓу вештачкото Витивјанско Езеро на реката Бистрица и планината Шапка, од која е одвоена со реката Фтисмата. На североисток е одделена од планината Бурсана со клисурата Порта. Највисокиот врв, исто така наречен Свети Христофор, се издига на висина од 1.000 м. На врвот стои црквата „Св. Христофор“.

Карпите на плинаната се од варовник и конгломерати.

До врвот се стасува од селото Калдадес (500 м) за околу 2 часа.

+ Врвови Име Грчки Висина (м) Местоположба Свети Христофор Άγιος Χριστόφορος 1.000 во средишниот дел Маври Рахи Μαύρη Ράχη 780 во ЈЗ дел Патома Πάτωμα 800 во СИ дел Рахи Просилио, Маври Рахи Ράχη Προσήλιο, Μαύρη Ράχη 804 во ЈЗ дел

Поврзано Камбуница

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Серфиџе Категорија:Камбуница