Пресвета Богородица Елеуса () — средновековна пештерна црква во преспанското село Нивици, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија, под управа на Грчката православна црква. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.
Оваа испосничка еднокорабна црквичка со полукружен свод е изѕидана во пештера и претставува добар пример за поствизантиската уметност во Македонија. Фасадата е украсена со имитација на керамички орнаменти во духот на старите комнински традиции. Внатре има зачуван живописод 1409/1410 г. и една икона од 1452 г. Според двата натписа зограф бил Јоаникиј, а имињата на дарителите се Сава, Јаков и Варлаам, за време на владеењето на кралот Волкашин во 1410 г. Ова не е сосем исправно, бидејќи Волкашин загинал во 1371 г. водејќи ја Маричката битка, и тогаш територијата веќе била под османлиска власт. Според други податоци, црквата е подигната во 1373 г., што е поверодостојно.
Претставата на покровителката Пресвета Богородица Елеуса (Милостива) е насликана во полукружна ниша над западната врата. Мештаните црквата ја нарекуваат „Свети Петар“.Evyenidou, Despina. Ioannis Kanonidis, Thanasis Papazotos. The Monuments of Prespa, Archaeological Receipts Fund, 1991, стр. 55
Во 1962 г. црквата е прогласена за споменик на културата.
Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија
Наводи
Надворешни врски
Богородица Елеуса, Нивици Богородица Елеуса, Нивици Богородица Елеуса, Нивици Категорија:Споменици на културата во Преспа (општина) Категорија:Нивици Категорија:Појавено во 1373 година