451 Во Калцедонија започнал Четвртиот вселенски собор. 1600 Сан Марино го усвоил привиот пишан устав во историјата со што станал првата уставна република. 1793 Во Париз за јавноста бил отворен музејот „Лувр“ кој дотогаш бил кралски дворец. 1893 Вилхелм Конрад Рентген ги открил таканаречените рендгенски зраци. 1942 Втора светска војна: Почнало големото истоварување на сојузничките трупи во Африка. Главен командант на операцијата бил генералот Двајт Ајзенхауер. 1944 На Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска НО бригада по тридневни борби ги одби нападите на балистичките сили од правецот на село Орман - село Бразда, кои се обидуваа да ја заземат комуникацијата Скопје - Качаник и да го овозможат сообраќајот на германските сили. 1967 Во Боливија е убиен Ернесто Че Гевара. Тој со Фидел Кастро учествуваше во Кубанската револуција и стана симбол на современ револуционер меѓу младите на Европа и на двете Америки. 1979 Основана Галеријата на икони во Прилеп — една од најзначајните збирки на духовна уметност во Македонија. 1991 Собранието на Хрватска донело одлука за раскинување на државно-правните врски со СФРЈ со која Хрватска станала независна држава. Ден на независноста на Хрватска. 1995 Руската врховна воена команда најави дека ќе ги насочи своите јадрени ракети кон Полска и Чешка доколку овие две земји му се приклучат на НАТО. 2005 Катастрофален замјотрес во Кашмир, Пакистан. Официјално загинале 87.350 лица, но според некои проценки, бројот на жртвите може да е поголем од 100.000.
8 октомври