Свети Константин и Елена () — црква во гратчето Суровичево во Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.
Историја Сегашната црква е новоградба. Изворната црква е изградена од црковната општина за време на Бугарската егзарихија. Во 1972 г. во походот против македонштината, леринскиот митрополит Августин Кандиотис решил да ја срамни со земја оваа црква, за што се упторебени тенкови.
Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија
Наводи
Константин и Елена, Суровичево Константин и Елена, Суровичево