Свети Ѓорѓи () — црква на преспанскиот остров Свети Ахил, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.

Црквата е изградена на крајот од XV век. Претставува еднокорабен храм со дрвен покрив, кој до денес има улога на гробишна црква на селото Ахил. Во него се зачувани вредни фрески од XV век.Evyenidou, Despina. Ioannis Kanonidis, Thanasis Papazotos. The Monuments of Prespa, Archaeological Receipts Fund, 1991, стр. 61

Во 1962 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Свети Ахил (остров) Леринско-преспанско-еордејска епархија

Наводи

Ѓорѓи, Ахил Ѓорѓи, Ахил Категорија:Споменици на културата во Преспа (општина) Категорија:Ахил (село)