Маслинеста гулапкаНаучна класификација Царство:FungiКолено:BasidiomycotaКласа:AgaricomycetesРед:RussulalesСемејство:RussulaceaeРод:RussulaВид:R. olivaceaБиномен називRussula olivacea(Schaeff.) Fr. 1838 Маслинеста гулапка ( латински: Russula olivacea) е јадлива и неотровна гулапка која се наоѓа главно во групи од јуни во листопадни и четинарни шуми, главно под смрека и бука, не е ретка.
Опис Шапката во младоста е полутопчеста или речиси топчеста,потоа раширена и вдлабната, може да биде кафеаво маслинесто зеленикава, жолтеникава, црвеникава или матноцрвена, по малку влажно време малку вискозна, инаку сува и мошне често зрнесто браздеста или речиси рапава; работ е мазен, кожичката тешко се лупи; нараснува широка од 10-20 см во пречник.
Месото е бело или кремово, изразено окер кога се стари и прилично преполни и кршливи.
Дршката е силна и рамномерно густа, често има бледо розова боја; нараснува висока 4-8 см и 2-3 см широка.
Месото е цврсто, бело, со пријатен или неизразен мирис и има благ или вкус на лешници.
Спорите широко елиптични 8-12 x 7-9 микрони споровиот прашец е окер или жолт како жолчка.
Хемиски реакции: месото со фенол станува вински црвено.
Расте во лето и на есен во букови и смрекови шуми.
Слични видови Russula viscida и е многу слична по големина и живеалиште; површината на нејзината шапка е светло виолетова до крваво црвена и сјајна. Основата станува кожно жолта кога е стара. Нејзиното месо е прилично луто.
Наводи
Е. Гарнвајднер. Печурки и жаби од Британија и Европа . Колинс. 1994 година.
Надворешни врски Russula olivacea in MycoBank.
Категорија:Јадливи габи Категорија:Габи на Македонија Категорија:Столпчести габи Категорија:Гулапка Категорија:Габи на Европа