Свети Лука () — манастирска црква во селото Неред, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.

Нередскиот манастир се наоѓа на 2 км северозападно од селото, во пазувите на Нередска Планина (Вич). Основан е во 1912 г. од Нередската црковна општина, и заедно со Ајтоскиот манастир („Св. Архангели“) и „Св. Ѓорѓи“ во Арменско бил еден од трите манастири на Бугарска егзархија во Леринско. Местото на изградба е избрано бидејќи овде имало популарен лековит извор каде е најдена икона.

Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија

Наводи

Лука, Неред Лука, Неред Лука, Неред Категорија:Појавено во 1912 година