Russula luteaНаучна класификација Царство:FungiКолено:BasidiomycotaКласа:AgaricomycetesРед:RussulalesСемејство:RussulaceaeРод:RussulaВид:R.luteaБиномен називRussula lutea(Huds.) Gray Russula lutea е вообичаен, јадлив вид на печурки од родот Гулапка кој се наоѓа низ Америка и Европа под широколисни дрвја од лето до рана есен.

Опис Шапката е со 2-7 см широчина, конвексна, израмнета на рабовите и создава вдлабнатина во форма на чинија. Шапката е обично златна или жолта, но понекогаш има боја на кајсија, праска или корална, делумно или целосно. Таа е со тенко месо и прилично кревко. Дршката е 20–60 x 5–15 мм, бела и цилиндрична, и е мека и кревка. Месото е бело со благ вкус. Нема мирис кога е млада, подоцна мирисот е овошен. Ливчињата се со изразена шафранска боја и силно се испреплетени. Отпечатокот на спори е окер. Спорите се јајцевидно-елиптични со брадавици високи до 1 микрометар.

Наводи

Категорија:Јадливи габи Категорија:Гулапка Категорија:Габи на Европа