Russula aerugineaНаучна класификација Царство:FungiКолено:BasidiomycotaКласа:AgaricomycetesРед:RussulalesСемејство:RussulaceaeРод:RussulaВид:R. aerugineaБиномен називRussula aerugineaFr. (1863)

Russula aeruginea, позната и како тревнозелена гулапка, леплива зелена гулапка или зелена гулапка, е јадлива габа Гулапка. Широко распространета во северните умерени региони, обично се наоѓа под бреза, најмногу во борови шуми. Многу отровната Amanita phalloides може да има сличен изглед, особено одозгора.

Таксономија Видот првпат била опишана во делото на Елиас Магнус Фрајс од 1863 година, Monographia Hymenomycetum Sueciae. Специфичниот епитет aeruginea е изведен од латинскиот aeruginus, и се однесува на извалкана боја на бакарот.

Опис Шапката е рамнакога е млада, наскоро има форма на инка и слабо е пругаста, малку леплива и сјајна, бледо зелена до светло сиво-зелена, поретко маслинесто зелена. Шапката е голема од 4-10 см во пречник. Тесно распоредените ливчиња се со бледо крем боја кога се млади, подоцна стануваат светложолти кога спорите созреваат. Дршката е бела, повремено со дамки во боја на ’рѓа во основата, често прилично кратка со надолжни бразди. Тоа достигнува 5-8 см должина и 1-2 см дебелина. Месото е бело, кршливо и без мирис, со благ вкус. Russula aeruginea се јадливи.

Отпечатокот на спори е кремасто-жолт. Спорите се сферични до овални со гребени и брадавици на површината и се со димензии 6-8 на 6-7 μm.

Зелените примероци на Russula xerampelina, може да се помешаат со R.aeruginea. Тие можат лесно да се разликуваат по тоа што примероците на R. xerampelina секогаш мирисаат на варени школки, додека примероците на R.aeruginea немаат карактеристичен мирис.

Живеалиште и распространетост Плодните тела на Russula aeruginea растат на земја во шуми, во трупи во легло од лисја или во трева. Тој е ектомикоризален кај брезата, но и кај четинарите, особено борот и смреката. Широко е распространет во северните умерени зони. Плодувањето се случува од јули до ноември во Европа, и подоцна од лето до есен во Северна Америка. Габата се наоѓа и во Источна Африка.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Јадливи габи Категорија:Габи на Македонија Категорија:Гулапка Категорија:Габи на Европа Категорија:Габи на Северна Америка