Свети Ѓорѓија — црква во некогашното селото Трново, Преспанско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е единствената преостаната градба од поранешното село. Изградена е во XIX век. Претставува еднокорабна базилика со полукружна апсида на исток. Апсидата го задржала оригиналниот покрив од камени плочи, додека наосот е со турки ќерамиди. Над апсидата има вградена камена плоча со врежан крст и шесткрака ѕвезда.

Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија

Наводи

Надворешни врски Слика од црквата во 1960 г.

Ѓорѓија, Трново Ѓорѓија, Трново Преспанско