Свети Димитриј — манастирска црква на Ињевскиот манастир „Св. Димитриј“.
Архитектура Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. На јужната и северната страна има по две монофори, од кои по една се наоѓа на полукружните крила на храмот. Влезот на црквата е сместен на западната страна кон којашто е доградена отворена припрата. Над влезот од припратата има слепа ниша. Објектот во целост е обоен во бела боја, а на куполата и рамките од прозорците се забележуваат црвени тули. Покриен е со кров од ќерамиди.
Галерија
Поврзано Ињево Ињевски манастир „Св. Димитриј“ Ињевски манастир „Св. Архангел Михаил“ Ињевски манастир „Св. Петка“ Црква „Вознесение Христово“ Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ Црква „Св. Петка“ Црква „Св. Архангел Михаил“ Параклис „Св. Контантин и Елена“ Ињевски крст Радовишко архијерејско намесништво Ињевско-конечка парохија
Надворешни врски
Категорија:Ињево Категорија:Ињевски манастир „Св. Димитриј“ Ињево