Света Петка () — црква во селото Песодер, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.

Точната година на изградба е непозната. Храмот е обновен во 1848 г. Најраните икони во него се од 1730 г., видливо од долниот лев дел на царските двери. Сепак, дверите веројатно се донесени од постара црква. Самата црква е во облик на проста камена трикорабна базилика со машки влез од север и женски влез од запад. Во 1906 г. од северозападната страна е изградена камбанарија по нарачка на архимандритот Модест; таа е од камен и висински поделена на три дела. Уметничка вредност имаат иконостасот, амвонот и владичкиот престол, кои се резбани. Над столбовите има фрески со светци. Иконата „Христос Голем Архијереј“ (1849) е дело на браќата зографи Васил и Јован од јанинското село Воштина и потпишана „χειρ Βασιλείου και Ιωάννου των αδελφών“.

Во параклисот „Св. Харалампиј“ сместен во дворот на црквата во 1904 г. е погребана главата на големогрчкиот деец Павлос Мелас, која таму останала три години.

Во 1962 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија

Наводи

Петка, Песодер Петка, Песодер Категорија:Споменици на културата во Преспа (општина) Категорија:Појавено во 1848 година