Рождество на Пресвета Богородица () — преродбеничка црква во селото Долно Клештино, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија. мини|лево|Фреска со казните на грешниците во пеколот. Според ктиторскиот натпис, црквата е изградена за време на митрополитот Неофит Мeгленски, веројатно во 1835 г. Според месното предание, на тоа место имало постар храм. Според други податоци, подигната е во 1820 г.

Црквата претставува еднокорабен храм со полукружна апсида, женска црква на запад и трем на запад и југ. Живописана е со фрески од 1844 г., дело на зографот Јован од тесалискиот град Трново според натписот на јужната влезна врата. Подоцна се зографисани претставите на пророците во осумаголната псевдокупола и фреската на Архангелите на јужниот ѕид однадвор.

Црквата е прогласена за заштитен споменик на културата во 1995 г.

Во црквата се чуваат антички мермерни плочи со релјефи. Една од нив, чувана до 1912 г., имала димензии од 1 × 0,8 м и релјефен приказ на петчлено семејство со натпис Δώρον Δωροθέω („Давам дар“).

Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија

Наводи

Надворешни врски

Богородица, Долно Клештино Богородица, Долно Клештино Категорија:Споменици на културата во Лерин (општина) Категорија:Појавено во 1835 година