Свети Јован Крстител — манастирска црква на Воиславскиот манастир „Св. Јован Крстител“.

Историја Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен во 1996 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Црквата била осветена на 18 септември 2005 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.„Ораовичко-воиславска парохија “. Брегалничка епархија.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена затворена припрата во којашто се влегува од северната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата не е живописана, а иконите се изработени од зографите: Крсто Тарабунов, Тони и Ромео од Радовиш.

Галерија

Поврзано Воиславци Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“ Воиславски манастир „Св. Илија“ Воиславски манастир „Св. Јован Крстител“ Црква „Св. Ѓорѓи“ Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (стара) Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (нова) Црква „Св. Илија“ (стара) Црква „Св. Илија“ (нова) Црква „Св. Петка“ Црква „Св. Димитриј“ Црква „Св. Теодор“ Радовишко архијерејско намесништво Ораовичко-воиславска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Воиславци Категорија:Воиславски манастир „Св. Јован Крстител“ Воиславци