Елена Филиповска (позната и како Елена Филиповска-Божиновска) — македонски филолог, професорка по италијански јазик и македонски јазик за странци и писателка.
Биографија
Елена завршила два вида на додипломски студии. Едните од областа на лингвистиката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а другите од областа на историјата и цивилизацијата при Конзорциумот ИКОН. Исто така, завршила последипломски студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ со тема на магистерскиот труд „Интеркултурноста во наставата по странски јазици“. Се интересирала за врската помеѓу јазикот и културата, како и за осмислување нови методи во наставата по странски јазици. Вршела истражување на Калифорнискиот универзитет Беркли и работела на повеќе проекти за унапредување на наставата по странски јазици.
Филиповска работи како наставник и истражувач од 2001 година. Како наставник по италијански јазик и македонски јазик за странци, предавала во повеќе приватни и државни образовни центри, меѓу кои училиштето „Лингва Линк“, гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Скопје и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Од 2014 година, се посветила само на македонскиот јазик, основајќи ја „Сказалка“ - училиште за македонски јазик за странци.
Во 2021 година ја издала авторската граматика на македонскиот јазик за странци наречена „Macedonian Learner’s Grammar“. Покрај граматиката, има издадено и повеќе текстови и статии од областа на методиката на настава.
Книжевно творештво
Филиповска го издала своето прво прозно дело во 2020 година, дистопискиот роман „Идол на ѕидот“.
Наводи
Надворешни врски Официјална страница на „Сказалка“
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во непозната година Категорија:Македонски филолози Категорија:Македонски романописци Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Магистри на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје