Свети Константин и Елена () — преродбеничка парохиска црква во градот Пазар (Ениџе Вардар), Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.

Историја Храмот е изграден под името „Св. Кирил и Методиј“ во македонското маало Варош во североисточниот дел на градот. Изграден е во 1906 г. кога населението било под врховенството на Бугарскаа егзархија. Во 1909 г. иконите во храмот се изработени од иконописци предводени од галичкиот мајстор Апостол Фрчковски.

Со потпаѓањето на Егејска Македонија под грчка власт, храмот е преименуван во „Св. Константин и Елена“.

Опис Храмот првобитно бил трикорабна базилика со женска црква. Во 1952 – 1953 г. е видоизменет во петкорабна базилика. Има должина од 25 м, ширина од 17 м и висина од 8 м. Во 1988 - 1990 г. на запад е направен нартекс. Покривот е на четири води, покриен со ќерамиди. Има три влеза — од запад, југ и север. Во северозападниот агол е доградена камбанарија. На дното на северниот и јужниот кораб има два параклиса.

Во внатрешноста корабите се поделени со дрвени столбови. Дел од фреските се дело на Христофанис Вуцинас и неговите ученици, а оние на патеките се изработени од зографите Кузоглу и Сарис — десно сцени од житието на Христос, лево на Богородица. Иконостасот е резбан, а иконите на него се дело на монаси од манастирот „Св. Дух“ во Оропос, Источна Атика. Преносливите икони се дело на М. Котикостас.

Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија

Наводи

Константин и Елена Константин и Елена, Пазар Категорија:Појавено во 1908 година Категорија:Појавено во 1953 година