Јозеф Велек ['jozɛf 'ʋɛlɛk], инж. (магистер по уметност, технологија) (30 ноември 1939 – 30 април 1990) ―чехословачки (чешки) новинар, автор и екологист.
Животопис Велек е роден на 30 ноември 1939 година во Клинец, Протекторат Чешка и Моравија.
Почнал да објавува во шеесетите, а од 1975 година бил член на редакцијата на неделникот „Mladý svět“ (Млад свет). Во 1974 година тој го сосновал на еколошкото движење Бронтосаурус. Тој бил сметан за основач на чехословачкото новинарство ориентирано кон животната средина.
Велек починал на 30 април 1990 година додека нуркал во Црвеното Море.
Објавени дела
Како ја бранев природата (изворно: Jak jsem bránil přírodu) (1980) Од полдерите до Ардените (изворно:Od polderů k Ardenám) (1985) Приказни за две нозе (изворно: Příběhy pro dvě nohy) (1988) Човек што го преминува плотот (изворно: Muž přes plot) (1989)
Награди
1990: Свитокот на честа на светските 500
Наводи
Надворешни врски
Јозеф Велек (на чешки)
Категорија:Починати во 1990 година Категорија:Родени во 1939 година Категорија:Новинари од 20-тиот век Категорија:Чехословачки еколошки активисти Категорија:Еколошки писатели на белетристика Категорија:Починати од подводно нуркање Категорија:Чешки новинари