Свети Никола () — црква во селото Страишта, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија. мини|лево|180п|Фреската „Обесувањето на Јуда“ Црквата е изградена околу 1880 г. На фреските во внатрешноста е запишана годината 1885. Храмот е камена трикорабна базилика со полукружен свод, трем и подоцна изградена камбанарија, како е случај со „Св. Димитриј“ во соседно Костурени. Има два влеза — од запад и југ. Покривот е калкански со косини на запад и на исток.

Внатре раванот е дрвени над средишниот кораб е насликан Христос Седржител. Иконостасот е дрвен и насликан. Црквата е целосно живописана во 1885 г. од воденскиот зограф Константин Хаџизафиров. Меѓу фреските се Тајната вечера, Молитвата на Христос, Предавништвото на Јуда, Видението на Пророк Исаија, Воскресението Лазарево и Пресвета Богородица.

Црквата е прогласена за историски споменик на 16 мај 1996 г.

Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија

Надворешни врски

Наводи

Никола, Страишта Никола, Страишта Категорија:Споменици на културата во Меглен Категорија:Појавено во 1880 година