Успение на Пресвета Богородица () — црква во селото Нестрам, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во 1816 г. на плоштадот во маалото Долнени, денес наречен „Александрос Папатерпос“. Претставува голема трикорабна базилика со импресивна шестаголна четирикатна камбанарија, висока 15 м. Часовникот на камбанаријата е подарок од Танас Станоев, иселеник во Канада.
Храмот е живописан е од истакнатиот месен зограф Аргир Михајлов (1790 - 1850). Внатре се чуваат вредни црковни книги од XVIII - XIX век, кои ја проследуваат историјата на селото.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Богородица, Нестрам Богородица, Нестрам Категорија:Појавено во 1816 година