Хиперинфлацијата е најсериозната и најопасната форма на инфлација, која се јавува кога земјата се соочува со многу висока, забрзувачка и „незапирлива“ стапки на инфлација. Во таква состојба, општото ниво на цени во рамките на една економија брзо се зголемува така што валутата брзо ја губи реалната вредност. Во меѓувреме, вистинската вредност на специфичните економски добра генерално останува иста во однос на други добра, и во однос на други релативно стабилни странски валути. За разлика од инфлацијата, каде што овој процес е долготраен и генерално не се забележува, освен можеби со проучувањето на минатите пазарни цени, хиперинфлација подразбира брз и континуиран пораст на понудата на париWhere's the Hyperinflation?, Forbes.com, 2012 и цената на стоките.
Хиперинфлација често се поврзува со војни, последиците од нив, со социополитички пресврти, или други кризи кои носат поголема тешкотија за владата да го оданочи населението, ова придонесува за ненадеен и остар пад на даночните приходи, сето тоа во комбинација со силен напор да се задржи статус кво може да предизвика директно активирањето на хиперинфлација.
Најпознати хиперинфлации во економската историја биле во Германија, Унгарија, во СР Југославија итн. Непосредно по Првата светска војна поразената Германија морала да плаќа големи репарации за воени штети. Во такви услови германската влада докрај ги ослободи монетарните кочници и почна неконтролирано да печати пари. Тоа предизвикало стравотна хиперинфлација. Последиците од хиперинфлацијата предизвикуваат голема прераспределба на националното богатство.
Дефиниција
Во 1956 година, Филип Кеган (Phillip Cagan) го напиша трудот „Монетарна динамика на хиперинфлацијата” истиот, генерално се смета како прва сериозна студија за хиперинфлацијата и нејзините ефекти. Во овој труд, тој ја дефинира хиперинфлацијата како состојба при која месечната стапка на инфлација надминува 50%, а истата почнува да се зауздува кога месечната стапка на инфлација паѓа под 50% и останува на тоа ниво најмалку една година.Phillip Cagan, The Monetary Dynamics of Hyperinflation, in Milton Friedman (Editor), Studies in the Quantity Theory of Money, Chicago: University of Chicago Press (1956). Економистите обично ја следат дефиницијата на Кеган за хиперинфлација дека тоа е состојба во економијата кога месечната стапка на инфлација е поголем од 50%.
Меѓународниот одбор за сметководствени стандарди не предвиде апсолутна стапка преку која би се препознала состојбата на хиперинфлација во економијата. Наместо тоа, тој ги наведува факторите кои укажуваат на постоење на хиперинфлација: Популацијата претпочита да го задржи своето богатство во немонетарни средства или во релативно стабилна странска валута. Количеството на домашна валута кое се поседува веднаш се инвестирани за да се одржи куповната моќ. Популацијата паричната маса која ја поседува не ја чува во домашна валута, тука во странска стабилна валута. Цените се изразуваат исто така во странска валута. Продажбата и купувањето на кредит се одржува по цени кои се компензирачки за очекуваната загуба на куповна моќ за време на кредитниот период, дури и ако периодот е краток; Каматните стапки, надоместоците и цените се поврзани со индексот на цени; и Кумулативната стапка на инфлација во текот на три години достигнува или дури надминува 100%.
Причини
Постојат неколку теории за причините за високата инфлација, т.е хиперинфлација
Шокови на страна на понудата Оваа теорија, врз основа на историска анализа, тврди дека хиперинфлациите кои претходеле биле предизвикани од некој вид на екстремни шокови на страната на понудата кои често се поврзуваат со војни или природни катастрофи.
Понуда на пари Оваа теорија тврди дека хиперинфлација се јавува кога постои континуирано, брзо зголемување на понудата на пари при што ваквото зголемување на паричната маса не е проследено со соодветен раст на производството на стоки и услуги. Зголемувањето на цените како последица на зголемената понуда на пари создава еден магичен круг, кој се изразува преку потребата од постојано печатење на нови количества пари за да се финансираат активностите на владата.
Оттука и монетарната инфлација и инфлација на цени се зголемуваат со брзо темпо. Брзото зголемување на цените предизвикува широко распространета појава каде што населението одбива да држи пари во домашна валута, која ја губи својата куповна моќ. Наместо тоа, тие брзо ги трошат парите што ги добиваат, со што се зголемува брзината на проток на пари, тоа последователно предизвикува натамошно зголемување на цените. Ова резултира во дисбаланс меѓу понудата и побарувачката за пари (вклучувајќи ја валутата и банкарските депозити), предизвикувајќи брза инфлација.
Многу високите стапки на инфлација може да резултираат со губење на доверба во валутата. Обично, прекумерниот пораст на парична маса е резултат на тоа што владата или е во неможност или не постои желба државниот буџет да се финансира преку оданочување или задолжување, па наместо тоа владата прибегнува кон тоа буџетскиот дефицит да го финансира преку печатење на пари.Hyperinflation: causes, cures Bernard Mufute, 2003-10-02, “Hyperinflation has its root cause in money growth, which is not supported by growth in the output of goods and services. Usually the excessive money supply growth is caused by financing of the government budget deficit through the printing of money.”
Владите понекогаш прибегнааваат кон искрснување од текот на монетарната политика, со што се допушта владата да ги девалвира своите долгови и води кон редуцирање на растот на даноците. Инфлацијата е делотворно регресивен данок на корисниците на пари, но сепак механизмот на нејзиното функционирање е многу покомплициран да се сфати од страна на популацијата. Инфлацијата може да ги засени квантитативните проценки за вистинската цена на живеење, како што објавениот индекс на ценисе осврнува само на податоците во ретроспектива, а може да дојде до негово зголемување само неколку месеци подоцна. Монетарната инфлација може да стане хиперинфлација ако монетарните власти не успеат да ги финансираат зголемените владини трошоци по пат на наплата на даноци, државен долг, намалување на расходите или преку други начини и средства. Бидејќи:
Во временскиот период помеѓу воочување или наметнување на однаночливи трансакции и собирање на даноците, реалната вредноста на собраните даноци опаѓа за мал дел од оригиналните даночни побараувања; или Прашањата во однос на државниот долг тешко се решаваат со купувачи, единствено само преку многу големи попусти; или Комбинација од горенаведените.
Теориите на хиперинфлација генерално бараат однос помеѓу сењоражот и инфлацискиот данок. Во двата моделa т.е моделот на Каган( Cagan ) и нео-класичниот модел, точката на вриење се случува кога зголемувањето на понудата на пари или падот на монетарната база онеовозможуваат владата да ја подобри својата финансиска позиција.
Така откако ќе се отпечатат декретни пари, обврските на владата кои не се деноминирани во пари, се зголемуваат како трошок за повеќе од вредноста на отпечатените пари.
Од ова, може да се запрашаме зошто една рационална влада би се вклучила во активности кои ја предизвикуваат или ја продолжуваат веќе постоечката хиперинфлација. Една од причините за ваквите постапки лежи во фактот дека често алтернатива на хиперинфлацијата е или депресија или воен пораз. И двете класичната економија и монетаризмот, велат дека сето ова се должи на неодговорното задолжување на монетарните власти за да се подмират настанатите расходи. Овие модели највеќе се фокусираат на сењоражот на монетарната власт и придобивките од инфлацискиот данок.
Во нео-класичната економска теорија, хиперинфлацијата е вкоренета со влошување на монетарната база, тоа е доверба која укажува дека постои залиха на вреднсти кои валутата ќе можат да ја контролираат во иднина. Во овој модел ризикот за поседување на валута драматично се зголемува, па така продавачите бараат далеку повисоки премии за да ја прифатат валутата.
Ова всушност води кон поголем страв дека валутата ќе пропадне, предизвикувајќи дури и повисоки премии. Еден од примерите за ова е периодот на војна, граѓанска војна или интензивен внатрешен конфликт: владите се приморани да сторат сè што е потребно во име на одбрана на земјата, бидејќи се останато би претставувало пораз за земјата. Во ваква една ситуација скоро е невозможно кратење на расходите, бидејќи голем дел на средствата се трошат за вооружување.
Понатаму, во тек на граѓанска војна скоро е невозможно да се зголемат даноците, дури и наплатата на постојните даноци се одвива во отежнати услови и со поголем напор. Во подруги услови т.е во отсуство на војна дефицитите често се покриваат со продажба на обврзници, за време на војна тоа е тешко изводливо, а воедно е дозначително скапо да се позајмува. Банкарските власти, без разлика дали станува збор за централни или не, го “монетизираат” дефицитот, преку пречатење пари за потпомагање на владата да преживее.
Хиперинфлацијата предизвикана пред сè од Кинеските Националисти 1939-1945 е класичен пример како владата печати пари за да ги плати трошоците предизвикани од граѓанска војна. На крајот, валутата беше пренесена на Хималаите, а подоцна старата валута беше пренесена надвор за да се уништи.
Хиперинфлација се смета за сложен феномен и едно објаснување не може да се примени за сите случаи. Меѓутоа и во двата модела, без разлика дали како прва причина се појавува губењето доверба, или сењоражот на централната банка, веќе во втората фаза се случуваат видни промени. Во случај на брза експанзија на понуда на пари, цените се зголемуваат нагло како одговор на зголемената понуда на пари наспроти понудата на добра и услуги, и во случај на губење на доверба, монетарната власт реагира преку премиите за ризик кои треба да се платат преку создавање “пресии за печатње пари”.
Сепак огромниот забрзувачки процес кој се случува за време на хиперинфлација (како во времето на германската хиперинфлација 1922/23) останува нејасен, недообјаснет и непредвидлив. Трансформацијата на инфлаторниот развој во хиперинфлација мора да биде идентификувана како многу сложен феномен, кој треба да биде подложен на длабоки анализи и економски истражувања.
Модели
Откако хиперинфлацијата е воочена како монетарна ефект, моделите на хиперинфлација се концентрираат најмногу на побарувачката за пари. Економистите ги лоцираат брзото зголемување на понудата на пари и зголемувањето на брзината на пари, доколку монетарните инфлаторни ефекти не се стопирани, како една од причините за појава на инфлација, дејствувајќи одделно или пак заедно во пар доведуваат и до хиперинфлација.
Драматично зголемување на брзината на пари како причина за хиперинфлација е од централно значење за моделот на хиперинфлација "криза на доверба", каде премијата за ризик која продавачите ја бараат за книжната валута во однос на номиналната вредност нагло расте. Втората теорија е дека прво постои радикално зголемување на износот на циркулирачкиот медиум, кој може да се нарече "монетарен модел" на хиперинфлација. Во секој модел, вториот ефект следи од првиот – или премногу мала доверба која поттикнува зголемување на понудата на пари, или пак преголемо количество на пари кое ја руши довербата