Свети Ѓорѓи, месно наречена и Свети Ер (), — црква во селото Горенци, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. мини|лево|220п|Стара фотографија на црквата и нејзиниот одбор. Црквата е изградена во 1882 г., што се гледа по натписот „18†82“ над полукружната апсида однадвор. Претставува трикатна трикорабна базилика. Внатре има забележителен резбан иконостас. Царските икони се од 1884 г., дело на зографот Атанасиос Панајоту од Костур (διά χειρός Αθανασίου Παναγιώτου εκ Καστορίας…1884).Β. Στυλιάδη, Μνημεία της Κορησού 3. Ο Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου (1882), ό.π., έτος 2010/21, Ιούλιος, αρ. φύλ. 235, σ.σ. 6-7

Околу 1899 г. припадниците на Бугарската егзархија во Горенци, кои ја држеле малата истоимена црква „Св. Ѓорѓи“ успешно го презеле и овој храм, но патријаршистите ја потплатиле власта, па иницијаторите Гиљо и Цилка Костови и баба Бецелка се уапсени и мачени.

Пролетта 1910 г. Отоманскиот парламент се зафатил со решавање на спорот меѓу Патријаршијата и Егзархијата за црковниот и училишниот имот, со што на 10 август оваа поголема црква „Св. Ѓорѓи“ им е предадена на егзархистите. Во неа служел свештеникот Лев Адамов. На 5 јули 1913 г. клучевите од црквата и бугарското училиште се одземени од новата грчка власт.

Во 1996 г. оваа црква, заедно со другата истоимена црква од XVIII век се прогласени за заштитени споменици на културата.

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Надворешни врски

Ѓорѓи, Горенци 18 век Ѓорѓи, Горенци 18 век Категорија:Споменици на културата во Костур (општина) Категорија:Појавено во 1882 година