Хмелничката Област () — една од 24-те области на Украина. Се наоѓа во западниот дел на земјата. Граничи со Ровненската, Житомирската, Черновечката, Виничката и Тернополската Област. Опфаќа површина од 20.629 км2. Во областа има 1.417 села и 13 градови.

Историја Основана е на 22 септември 1937 г. и се нарекувала Каменец-подолска Област (), бидејќи главен град на областа бил Каменец Подолски сѐ до 1941 г. Во 1954 г., градот Проскуров бил преименуван во Хмелницки, а името на областа било променето во „Хмелничка Област“.

Од 1991 година, областа е дел на независна Украина.

Демографија

Според пописот од 2004 г., во областа живеат најмногу Украинци, а останатите се Руси, Евреи, Ерменци.

Религија

Најголем број на луѓето се припадници на Украинската автокефална православна црква, а втора по големина е Украинската гркокатоличка црква.

Наводи

Надворешни врски

Службена страница

Категорија:Области во Украина

Категорија:Држави и територии настанати во 1937 година