Марко Мишевски (роден на 23 август 1999 г.) — македонски ракометар кој игра за францускиот второлигаш Курнон Доверњ.Марко Мишевски се враќа во Франција!24rakomet.mk; 4 јули 2024

Клупска кариера Мишевски започнал да тренира ракомет на 10-годишна возраст во Металург, но подоцна се префрлил во Вардар, каде што бил дел од пионерската и младинската екипа на клубот, а во сезоната 2016–17 бил прекомандуван во РК Вардар 2, каде што бил еден од најдобрите стрелци и помогнал на екипата да го освои второто место во Првата македонска лига. Марко Мишевски: Ние сме млади играчи, со огромна желба за докажување во најсилната супер лига vardarfans.mk; 28 јули 2017 Следната сезона тој бил прекомандуван во вториот тим на Вардар, суперлигашот Вардар Јуниор. На почетокот на сезоната 2018–19, Мишевски бил приклучен кон првиот тим на Вардар.Марко Мишевски ќе добие шанса во првиот тим на Вардар gol.mk; 31 јули 2018

Во август 2019 година Мишевски потпишал за францускиот второлигаш Гренобл, но по крајот на полусезоната го напуштил францускиот клуб кој се соочил со финансиски проблеми и повторно потпишал за Вардар.Прв интернационален предизвик: Мишевски потпиша за Гренобл! gol.mk; 14 август 2019 Вардар потврди: Борко Ристовски и Марко Мишевски потпишаа до крајот на сезоната mkd.mk; 2 март 2020

Успеси Македонска супер лига Победник: 2018/19, 2020/21, 2021/22 Куп на Македонија Победник: 2021, 2022, 2023 ЕХФ Лига на шампиони Победник: 2018/19 СЕХА лига Победник: 2018/19 Светско клупско првенство Трето место: 2019

Наводи

Надворешни врски Марко Мишевски на Европската ракометна федерација

Категорија:Родени во 1999 година Категорија:Ракометари од Скопје Категорија:Ракометари на РК Вардар