Свети Димитриј () — црква во селото Маврово, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е изградена во 1869 г. врз остатоците од постар храм во северниот дел на селото. Од старата црква зачувани се икона на Свети Димитриј со чудата, иконата на Свети Јован Претеча на иконостасот и икона на Свети Никола. Средината на иконостасот со два реда икони исто така е од постариот храм. На проскинитарот има многу стара икона на Свети Димитриј на престол. Во женската црква се чуваат три стари икони — на Христос, на Богородица, и на Архангел Михаил, како и евангелие опковано со сребро.

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Димитриј, Маврово Димитриј, Маврово Категорија:Појавено во 1869 година