Свети Илија () — црква кај селото Клисура, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Местоположба Црквата е сместена на 3 км југоисточно од Клисура, на билото на истоимениот врв Свети Илија на планината Мурик.

Историја Храмот е изграден во XIX век. На првиот ден на Илинденското востание, Мокренската чета на ВМРО составена од 74 борци на чело со војводата Никола Андреев водела тешка битка со редовна турска војска од 150 војници и грчка чета од 50 борци. Загинале 7 македонски четници — мокренците Ѓорѓи Папастерев, Геле Тегов Пачин, Христо Н. Матин, Тоде Михалин, Динче на Уанката, како и конујците Симо Х. Касабов и Насе Пуљов, кои се погребани во црковниот двор.

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Илија, Клисура Илија, Клисура