Статички манастир „Св. Илија“ — манастир во селото Статица, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.
Манастирот е сместен на рид на неколку стотини метри од Статица. На крајот на XVIII век мештаните изградиле мала еднокорабна базилика посветена на Свети Илија. Црквата од напред има ниска камбанарија. Иконостасот е прост, а големите икони се од XIX век. Царските двери се разбани.
Околу 1840 г. овде дошле монаси и изградиле конаци, кои постојат и денес. Манастирот се користел како прибежиште за населението за време на грчката вооружена пропаганда на почетокот на XX век.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Категорија:Манастири во Костурската епархија Категорија:Манастири во Костур (општина) Категорија:Цркви во Костур (општина) Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Појавено во 1840 година Категорија:Статица