thumb|left|Грутка сребро
Сребро (симб. Ag, од лат. argentum) хемиски елемент од редот на благородни метали, во природата се јавува во елементарна состојба како и во своите соединенија. Среброто е најдобар спроводник на топлина и електрицитет од сите елементи.
Опис и својства Среброто е меко, растегливо и лесно се обработува, што овозможува негово обликување и извлекување во фолија или жица. Денес најчесто се користи во изработка на накит. Среброто има и неколку свои минерали како што се: аргентит (Ag2S), бромаргентит (AgBr) или караргентит (AgCl); кој главно се добива како спореден производ при преработката на руди од други метали. Среброто оксидира на воздух и потемнува.
Употреба Со оглед на неговите специфични хемиски и физички својства и неговите легури, тоа наоѓа бројна примена во електронската индустрија.
Среброто како мотив во уметноста и во популарната култура „Сребро“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 8. „Сребро“ (англиски: Silver) — песна на американската рок-група Пиксис (Pixies) од 1989 година.Pixies – Doolittle (пристапено на 31.1.2024) „Среброто е твое“ (англиски: You Got The Silver) — песна на британската рок-група Ролинг Стоунс (The Rolling Stones) од 1969 година.YouTube, You Got The Silver (пристапено на 20.12.2019)
Поврзано Соединенија на среброто
Наводи
Категорија:Хемиски елементи Категорија:Благородни метали Категорија:Коцкести минерали Категорија:Самородни елементи Категорија:Скапоцени метали Категорија:Преодни метали Категорија:Тешки метали