Борботски манастир „Св. Ѓорѓи“ () — машки манастир во Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.

Манастирот е сместен во шумовита клисура на планината Горуша. Се наоѓа на територијата на Општина Нестрам, на 4 км југоисточно од селото Борботско. Основан е во втората половина на XVII век, по изградбата на црквата во 1625 г., што е обележано на ктиторскиот натпис. Во извесни периоди во османлиско време манастирот бил женски, но е урнат на крајот од XIX век. Во XX век во него спорадично се вселувале монаси, а управата е доверена на свештеник од Борботско. Параклисот „Воведение на пресв. Богородица“ и конаците се подигнати во 1881 г. Црквата е од светогорски тип, со две куполи и фрески.

До 1974 г. манастирот бил во состав на Шишанско-сачишката епархија, по што прешол под Костурската.

Во 1973 г. манастирската црква заедно со параклисот „Воведение на пресв. Богородица“ се прогласени за заштитен споменик на културата.

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Категорија:Манастири во Нестрам (општина) Категорија:Манастири во Костурската епархија Категорија:Цркви во Нестрам (општина) Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Споменици на културата во Нестрам (општина) Категорија:Појавено во 1625 година