Жиковишки манастир „Св. Атанас“ ( или Ζηκόβιστας) — манастир во Костурско, Егејска Македонија.Η πρώτη Cyberότσαρκα! (Μονή Αγ.Αθανασίου) Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.
Местоположба Манастирот се наоѓа во областа Костенарија, на територијата на Општина Рупишта. Сместен е на рид меѓу селата Жиковишта и Либешево.
Историја Според два турски фермана, подоцна изгубени, манастирот е изграден во 1629 г. и со тоа е најстариот споменик на архитектурата во Костенаријата. Митрополитот Филарет Костурски (1889 - 1899) напишал дека на северното крило на манастирот има плоча која говори за негово обновување од Партениј во 1747 г. Во 1759 г. е изграден метохот, а следната година и направено и северното крило.
Во главниот дел на црквата има фрески од 1785 г., а оние во припратата во се од 1787 г. Живописот е дело на мајсторот Михаил од епирското село Кионат. На плоча на јужниот ѕид стои годината 1817. Зачувани се два ктиторски натписа — еден во наосот и еден во нартексот. мини|десно|Видението на Свети Петар Александриски.
За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 – 1908) манастирот бил збирно место за андартските чети. Затоа, по андартскиот напад на селото Езерец на 15 март во кој загинале 8 Македонци, на 2/17 март 1905 г. овој манастир е нападнат и наполно изгорен (си исклучок на црквата) од Костенариската реонска чета на МРО на чело со Кирјак Шкуртов и милицијата од костенарските села. Пред тоа се ликвидирани гркоманите Атанасиос Борозис и Фотиос Фотијадис од Либешево, кои зеле учество во убиството на костурскиот војвода Костандо Живков.
Во 1918 г. манастирот ѝ е одземен на Костурската епархија и станал дел од Шишанско-сачишката. Долги години во него служел отецот Сидер Ковачев (Сидерис Ковацијадис) од Либешево.
Во 1976 г. манастирот е прогласен за заштитен споменик на културата.
Галерија
Поврзано Шишанско-сачишка епархија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Манастири во Рупишта (општина) Категорија:Манастири во Шишанско-сачишката епархија Категорија:Цркви во Рупишта (општина) Категорија:Цркви во Шишанско-сачишката епархија Категорија:Дела на Кионатската школа Категорија:Споменици на културата во Рупишта (општина) Категорија:Појавено во 1629 година Категорија:Грчка вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Одре