Жолта окатка (Pyronia tithonus) е европски вид на пеперутка. Поради поголемиот број на единки во топла клима, ограничената распространетост на видот може да се претпостави дека се должи на климата. Колониите се разликуваат по големина во зависност од достапното живеалиште и може да се движат од неколку десетици до неколку илјади пеперутки.

Физички изглед Жолтата окатка е портокалова со две големи кафеави дамки на крилјата и кафеава шема на работ на крилјата. Дамките на предните крилја од нагоре личат на очи, најверојатно оваа одлика придонесува да се заштитат од напади од птици, па затоа жолтата окатка често одмара со отворени крилја. Познати се голем број на невообичаени форми, како што е excessa, каде што примероците имаат две до четири дополнителни точки на предното крило горната страна. Бројот на дамки на долната страна на задното крило исто така варира.Машката единка има темна дамка на горната страна на предното крило која содржи миризливи лушпи познати како андроконија. Ова е најверојатно за привлекување на женски единки. Не е познато многу за тоа како всушност функционира андроконијата за привлекување на партнер, а хемискиот состав на феромоните е исто така непознат.

Женските единки вообичаено имаат повеќе дамки од машките. Машките единки имаат поблиску поставени дамки на крилата, во споредба со женските, чии дамки се пораспространети преку рабовите на крилата.

Распространетост Жолтата окатка најчесто се наоѓа во рабовите на ливади како и во живи огради.

Наводи

Надворешни врски Сатирините на Западниот Палеарктик

Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Пеперуги Категорија:Инсекти на Македонија