Гола ситница (науч. Herniaria glabra), познато и како зелена килавица, е растение од фамилијата каранфили и расте во Северна Америка и Европа. Содржи херниарин, метокси аналог на умбелиферон.
Опис Едногодишно или двегодишно растение, поретко повеќегодишно. Стеблото е долго до 15 см, силно разгрането и полегнато по површината на почвата, со многу куси расперени влакненца или речиси голо, круглесто и со многубројни странично расположени цветни гранчиња. Листовите се обратно јајцевидни, приседнати, до 7 мм долги, 3,5 мм широки. Цветовите се мали, без дршка, приседнати, прилисниците се мали, триаглести или јајцевидни, сраснати. Чашкините ливчиња се пет слободни, мали, јајцевидно, жолтеникаво зелени.Кирил Мицевски:Флора на Република Македонија, Том 1, св. 2, МАНУ, Скопје, 1993, стр. 288-289
Во Македонија Во Македонија расте по песокливи и тревести места, брдски пасишта, меѓи, покрај патишта и населби од низините па до 2100 метри надморска височина. Претставува широко распространто растение кое расте по речиси цела Македонија.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1753 година