Бел бор (науч. Pinus sylvestris) — вид на дрво од семејството на боровите (Pinaceae) присутен во Евроазија, почнувајќи од Западна Европа до Источен Сибир, јужно до Кавказ и Анадолија, и од север до Северниот Поларник во Феноскандија.

Видот главно се среќава на посиромашни, песочни почви, карпести места, тресетни мочуришта или блиску до границата на шумите. На плодните места, борот е надвор од конкуренција од други видови дрвја, како смрча или широколисни дрвја.

Опис мини|Млада женска шишарка мини| Шума во Сиера де Гвадаррама, централна Шпанија. Бел бор е зимзелено дрво кое расте од 40 до 50 m во висина и 1m пречник. Круната е топчеста, а кај старите стебла неправилно чадореста. Кората на почетокот е жолтеникаво црвена, а подоцна сивокафеава. Младите гранчиња се голи, зеленикаво кафеави до светлокафеави, а подоцна се сивокафеави. Игличките се по две во снопче, долги 4-7 см, широки 2 мм, сивозелени, а шишарката е долга 2,5-7 см, и широка до 3,5 см, топчеста до јајцевидна, висечка. Семенките се долги 3-5 мм, крилото им е долго 10 мм.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 80, МАНУ, Скопје, 1985 мини|Зрели отворени шишарки и семиња мини| Корени на стар бор во Истад, Шведска.

Сорти мини|Pinus sylvestris var. Хамата, Крим Над 100 сорти Бел бор се опишани во ботаничката литература, но сега се прифатени само три или четири. Распространетост Белиот бор е единствениот бор застапен во северна Европа, кој формира чисти шуми или мешани заедно со видовите: обична смрча, бела бреза, јаребика, јасика и други. Во централна и јужна Европа се среќава со бројни дополнителни видови, меѓу кои се и европскиот црн бор, планинскиот бор, македонскиот бор и швајцарскиот бор. Во источниот дел од неговиот опсег, меѓу другите се јавува и со сибирски бор.

Во Македонија Во Македонија се развива на различни почви на надморска височина од 1000 до 2000 метри. Релативно ретко дрво е, кое на некои места образува пространи шумски состоини. Го има на Шар Планина, Ниџе, Дудица, Кожуф и на Малешевските Планини.

Покрај типичниот облик, се споменува дека е видена и варијантата var. hamata. Кај овој таксон апофизите на осветлената страна имаат папче со продолжение во форма на кукичка, свиткана наназад и долга до 5 мм.

Одгледување и употреба мини| мини| Шкотска борова шума во Естонија Белиот бор е важно дрво во шумарството.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Бел бор - карта на распространетост, единици за генетска конзервација и сродни ресурси. Европска програма за генетски ресурси на шумите (EUFORGEN)

Категорија:Бор (род) Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Украсни дрва Категорија:Флора на Европа Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија