Dolerus gonager е вид на растителна оса од родот Dolerus.

Опис Главата, антените и градите се црни, крилата речиси стаклесто провидни, жилките и стигмата црни. Нозете се црни, а коленатa се жолтоцрвеникави. Абдоменот е црн. Обојувањето на телото кај мажјакот е слично како кај женската форма.

Ларвите достигнуваат должина до 19 мм. Се појавуваат во периодот мај до јули на житните растенија од родовите: Agrostis, Festuca и други.

Возрасните единки достигнуваат должина од 8-9 мм.

Живеалиште Географската распространетост на овој вид оса е низ цела Европа, Кавказ и Турција. Во Македонија видот се среќава во: Скопје, Маврово, село Сретково и Пониква..Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 88

Наводи

Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија