Источна бука () — листопадно дрво од семејството на буките (Fagaceae).
Опис лево|мини|На Кавкаските Планини, Грузија. Ова е големо дрво, способно да достигне висина до 45 м и 3 м пречник на стеблото.Цветовите се мали реси кои се појавуваат набргу по лисјата на пролет.
Семињата се мали триаголни ореви 15-20 мм долги и 7-10 мм широки во основата; имаат по две јаткасти плодови во секоја купула, кои созреваат наесен 5-6 месеци по опрашувањето. Купулата се разликува од онаа на европската бука по тоа што има зарамнети, малку листолидни додатоци во основата (тенки, меки боцки во европската бука).
Таксономија Источната бука е тесно поврзана со европската бука (Fagus sylvatica) и се вкрстува со неа на Балканот и северозападна Турција.
Распространетост и живеалиште Природниот опсег на дрвото се протега од планината Странџа во југоисточна Бугарија, преку северозападна Турција и на исток до Кавкаските Планини во Грузија и Русија, до Алборз во Иран.
Неговото живеалиште е ограничено на планински шуми, на 500-2.100 м надморска височина.
Ориенталната бука е распространета на уште помали надморски височини во планината Странџа во Бугарија дури 200-300 м над нивото на морето.
Употреба Дрвото е тешко, тврдо, цврсто и високо отпорно на удари. Дрвото исто така може да се користи како огревно дрво,градежни плочи, мебел, фурнир за подови, рударски столбови, железнички плочки и хартија.
Наводи
Надворешни врски
Источна бука на Флорита Источна бука, Растенија за иднината Источна бука - карта на распространетоста, единици за генетска конзервација и сродни ресурси. Европска програма за генетски ресурси на шумите (EUFORGEN)
Категорија:Бука Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Незагрозени видови според МСЗП