Свети Никола () — црква во селото Бизово, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е изградена во 1860 г., за што сведочи натписот на нејзината надворешност. Се наоѓа на половина километар јужно од селото, крај патот за с. Манастир. Претставува трикорабна бескуполна базилика типична за своето време. Има женска црква и мала камбанарија. Од запад и југ има отворен трем. Внатре има оригинален дрвен иконостас и типичен амвон. Фреските се варосани.

Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија

Наводи

Никола, Бизово Никола, Бизово Категорија:Појавено во 1860 година