Шарл де Гол (, - , ) бил француски генерал и државник, претседател на Петтата Француска Република од 1959 година, голем светски политичар и борец против фашизмот.

Животопис

Политичка кариера Како претседател на Франција, де Гол му го признал правото на алжирскиот народ на самоопределување и со спогодбата во Евијан (во 1962 г.) ја завршил седумгодишната војна. Истовремено со стабилизацијата на економската политика во земјата, ја поведол Франција по патот на самостојна надворешна политика и ги повлекол француските сили од НАТО.

Значење и влијание Во книгата „Болка“, француската писателка Маргерит Дирас остро го критикува де Гол, пишувајќи дека „во него има нешто застрашувачко, ужасно“.Marguerite Duras, Bol. Sarajevo: Svjetlost, 1988, стр. 51. Притоа, таа го обвинува де Гол го дека во своите говори никогаш не ги спомнал концентрационите логори и француските граѓани депортирани во нацистичка Германија за време на Втората светска војна. Според неа, како водач на десницата, де Гол ѝ се обраќал само неа во своите говори и посакувал народот да биде слаб и да му верува, односно посакувал буржоаски народ, а неговата одбојност кон народот била поврзана со стравот да не се намали неговата улога и значење во војната.Marguerite Duras, Bol. Sarajevo: Svjetlost, 1988, стр. 38.

Наводи

Категорија:Француски генерали Категорија:Француски државници Категорија:Претседатели на Франција Категорија:Петта Француска Република Категорија:Француски политичари Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Француски мемоаристи