„Славица“ — југословенски филм од 1947 година во режија на Вјекослав Африќ. Главните улоги ги играат: Ирена Колесар, Јозо Лауренчиќ, Маријан Ловриќ, Браслав Борозан итн.РТС, Славица (пристапено на 9.5.2022)
Синопсис Дејствието на филмот се одвива во Далмација околу Втората светска војна. Сиромашната девојка Славица и младиот рибар Марин се соочуваат со големи проблеми во својата средина која не ја одобрува нивната љубов поради класната поделеност на општеството. Кога во Далмација избувнува востание против италијанската окупаторска власт, Славица и Марин, заедно со група задругари, му се придружуваат на востанието и го кријат еден штотуку изграден брод со намера да им го предадат на партизаните. Непријателската војска ги заробува, но партизаните успеваат да ги ослободат. Така, Марин и Славица стануваат партизани при што учествуваат во неколку акции. Меѓутоа, за време на една поморска битка, Славица погинува, а во нејзина чест, партизанскиот брод го добива името „Славица“.
Наводи
Категорија:Филмови од 1947 година Категорија:Југословенски филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Партизански филмови Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови на Вјекослав Африќ Категорија:Филмови со Браслав Борозан Категорија:Филмови со Маријан Ловриќ Категорија:Филмови со Јозо Лауренчиќ Категорија:Филмови со Ирена Колесар Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Далмација