Свети Ѓорѓи () — црква во селото Владаја, Дојранско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е изградена во 1884 г. Претставува трикорабна базилика со димензии 14,80 × 10,30 м. Има полукружна апсида украсена со слепи ниши.

Црквата е прогласена за историски споменик на 27 јуни 1987 г.

Поврзано Полјанско-кукушка епархија

Наводи

Ѓорѓи, Владаја Ѓорѓи, Владаја Категорија:Споменици на културата во Кукуш (општина) Категорија:Појавено во 1884 година