Магдалена Алексовска (родена на 24 јануари 2002 во Скопје) — македонска поп пејачка. Заедно со Ивана Петковска, Магдалена ја претставувала Македонија на Детската Евровизија 2015 во Софија, Бугарија, со песната „Плетенка“ и се пласирала на седумнаесеттото место во конкуренција со 26 поени.

Таа била ученик во СУ „Илија Николовски Луј“ во Скопје. Магдалена била член на хорот на детскиот фестивал Златно славејче од 2009 до 2014 година. Таа свири на флејта и ја снимила нејзината прва песна „Ученик“ во 2010 година. Таа настапила на неколку меѓународни детски фестивали (вклучувајќи ги Истанбул и Белград), како и домашни и меѓународни натпревари (вклучувајќи ги Струга и Прилеп). Најзначаен настап на Магдалена бил на Меѓународниот детски фестивал „Славјански базар 2013“ во Витебск, Белорусија.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Учесници на Детскиот избор за песна на Евровизија Категорија:Пејачи од Скопје Категорија:Македонски поп-пејачи